Во пресрет на вечерашниот пријателски меч со Словенија, кога станува збор за досегашните меѓусебни дуели Македонија има апсолутно позитивен биланс. Имено досега се одиграни шест натпревари, имаме четири победи, едно реми и само еден пораз. Гол разликата исто така е импресивна, 12:6 за нас.
Познато е дека првиот меч како самостојна Македонија го одигравме токму со Словенија во Крањ, во таа 1993 година, на кој победивме со 4:1. За тоа е пишувано, анализирано во детали.
Затоа убаво ќе биде да се осврнеме на последниот меч, кој се играше во Скопје, во рамките на квалификациите за ЕП кога победивме со 2:1.
Тогаш блескаше Елиф Елмас, во негова чест фановите направија и ѕвездено небо. Стрелец на два гола, првиот во 50.минута за 1:0, откако претходно асистираше Пандев, додека на 2:0 зголеми во 68.минута на додавање на Адеми.
Во финишот на средбата Иличиќ ги постави конечните 2:1.
Вечерва се игра седмиот меч, вкупно петти пријателски меѓу Македонија и Словенија, и одиме на петтата победа.