Румениге си замина, Оливер Кан нов извршен директор на Баерн Минхен

235

Долгогодишниот функционер и поранешен легендарен фудбалер на тимот на Баерн Минхен, Карл Хаинц Румениге шест месеци рпед да му истече актуелниот договор си поднесе оставка на местото извршен директор, и со тоа неговата кариера официјално заврши.

На негово место доаѓа уште еден легендарен фудбалер на Баерн Минхен, Оливер Кан.

Оваа смена првично требаше да се обави на 1 јануари следната година, но наместо тоа направена е шест месеци порано.

Познавачите на приликите во клубот велат дека оваа смена е само формално правна, затоа што Кан веќе извесен период води главен збор во клубот, а Румениге е само негов ментор што се вели додека не ги „фати сите конци во рака“.

 

ПретходноОбројувањето почна со Пандев и Македонија
СледноПо Арнаутовиќ и Онисиво, Австрија и без Лазаро против Англија