Освојувачот на македонскиот фудбалски куп, екипата на Силекс, нема да биде единствениот второлигаш кој следнава сезона ќе се појави како преставник на некоја земја во европските купови. За првпат во историјата на европските клупски натпреварувања, оваа година во рамките на новото УЕФА натпреварување – Конференциската лига – ќе имаме дури три екипи кои ќе ги преставуваат своите земји, а практично се второлигаши во новата сезона.
Силекс, знаете, испадна од македонската елита откако го загуби баражот со Тиквеш, но поради освојувањето на Купот го задржува правото за настап во УЕФА Конференциската лига. Покрај нив, во истото ова натпреварување ќе има уште две второлигашки екипи. Прво, тоа е екипата на Вадуц која ќе го преставува Лихтенштајн, а испадна од Суперлигата на Швајцарија, како и грузиска Гагра, која е актуелен второлигаш.
#DATOEXPRESS. Por primera vez en la historia tres equipos de Segunda División, participaran en una competición europea.
1⃣FC VADUZ 🇱🇮
2⃣SK SILEKS 🇲🇰
3⃣FC GAGRA 🇬🇪📍Acceden a la próxima Conference League tras ganar la Copa de sus respectivas ligas. pic.twitter.com/twHTdx4eS5
— Express Futbol (@ExpressFutbolCL) May 28, 2021