Срцето е полно кога има со кого да се радува

477

Неколку секунди ја делеа Македонија од нова победа над Словенија, и тоа во пријателскиот меч како подготовка за настап на ЕП. Вечерва на Арената одигравме 1:1, водевме а примивме гол во 97.минута.

Сепак поважно е што бевме добри, квалитетни до тие последни секунди а најважно е што нашите момци кога се радуваа, при водечкиот гол на Елмас, имаа со кого да се радуваат.

Речиси 8.000 фанови ја бодреа Македонија, играа нашите „рисови“ пред публика на Арената по пауза од речиси две години. Фанови кои се радуваа на секој добар потег на нашите “рисови“, и кога е така, тогаш се е полесно.
Навистина срцето е полно кога има со кого да се радува.

Добра атмосфера, добра игра, ако не ги сметаме тие последни секунди од мечот одбраната добра, Алиоски фантастичен, секако одлични Елмас, Адеми по обичај.

Имаме за што да бидеме оптимисти пред ЕВРО 2020.

ПретходноПобеда за Џамбо, Охрид го доби езерското дерби
СледноКаква грешка со Адеми: Игравме две минути со играч помалку!