Познати се стартните состави на Македонија и на Словенија на денешниот пријателски дуел.
Јан Облак, сепак, ќе биде на голот на Словенците, иако Матјаж Кек најави дека има ситна повреда и дека ако не биде подготвен, нема да биде во комбинација.
Кај Македонија, пак, единствена измена од најавениот состав е Бејтулаи во одбраната, а Костадинов, сепак, ќе чека шанса од клупата. Во одбраната се уште и Велковски и Муслиу, во средниот ред Николов, Ристовски, Алиоски и Адеми, додека во нападот Пандев, Елмас и Трајковски. На голот ќе биде Димитриевски.