Екипата на Шкупи се засилува летово, но и дел од играчите си заминуваат од Чаир.
Еден од нив е Филип Глигоров кој и официјално го напушти Шкупи.
„Си заминувам, но секако дека му посакувам на клубот се најдобро. На есен дефинитивно ќе имам нов клуб“, ни изјави Филип Глигоров.
Екс-македонскиот младински репрезентативец има и интернационално како и домашно искуство, а во моментов има 27. години.