Ѓорѓи Стоилов официјално си замина од Академија Пандев

551

Играчот за врска, и еден од најстандардните фудбалери на тимот на Академија Пандев во изминатите сезони, Ѓорѓи Стоилов и официјално си замина од клубот.

Екс Македонскиот младински, но и повремено сениорски репрезентативец досега беше дел од екипите на Хоризонт Турново, односно Академија Пандев со која му зарши договорот и нема да потпише нов.

„Минав пет прекрасни години во тимот на Академија Пандев. Доживеав и среќни и тажни моменти, но време е за нешто ново. Му посакувам на клубот и на сите во него многу среќа и успеси во иднина“ – изјави Ѓорѓи Стоилов.

 

ПретходноПо Арнаутовиќ и Онисиво, Австрија и без Лазаро против Англија
СледноМарка: Карло Анчелоти фаворит за клупата на Реал Мадрид