Вашингтон се спаси од експресна елиминација, Јута на чекор до втората рунда (ВИДЕО)

133

Кошаркарите на Вашингтон Визардс ја совладаа Филаделфија со 122:114 и успеаја да се спасат од брза елиминација во првиот круг од плеј-офот во НБА лигата. По стартните 3-0 во партии за Филаделфија, ова беше прва победа за Визардс.

Клучниот момент на мечот беше завршницата на првата четвртина кога Филаделфија остана без извонредниот Жоел Ембид, најкорисниот играч во НБА, кој го напушти теренот поради болка во десното колено. Тогаш Филаделфија ја потроши предноста и мораше да се откаже од идејата за експресен пласман во второто коло од плеј-офо.

Бредли Бил беше лидер на Вашингтон со 27 поени, додека Расел Вестбрук заврши со нов трипл-дабл од 19 поени, 21 скок и 14 асистенции, што е веќе негов 12-ти „трипл-дабл“ во плејофот.

На вториот натпревар синоќа, кошаркарите на Јута го совладаа Мемфис со 120:113 и поведоа со 3:1 во серијата. Најрасположен за игра беше Донован Мичел, кој придонесе со 30 поени во победата на Јута.

ПретходноБадел 1862 го потврди учеството во женската Јадранска лига
СледноЛапорта за Куман: Влеговме во фаза на размислување за неговото место во Барселона