Ретко се случува такво недоразбирање, но ете, сепак се случи. Имено игравме речиси две минути со играч помалку поради фактот дека Аријан Адеми мислеше дека е заменет, па излезе од теренот а публиката го поздрави. Кога дојде до нашата клупа, инаку излезе од другата страна, сфати, или му беше кажано дека тој треба да биде во игра па се врати на теренот.
Секако дека мора концентрацијата да биде на највисоко ниво, посебно на мечевите на претстојното ЕП.