Ноле лесно до 2.коло, Надал до 101. победа на Ролан Гарос

245

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ лесно помина во 1. коло на Ролан Гарос. Тој вечерва со убедливи 3:0 (по сетови 6:2, 6:4 и 6:2) го совлада американскиот тенисер Сандгрен. Во следното коло Ноле ќе се соочи со Уругваецот Пабло Куевас кој денеска беше подобар од Лукас Пуј со 6:3, 6:1 и 6:3.

Шпанецот Рафаел Надал лесно и убедливо го победи 21-годишниот австралиски тенисер Алексеј Попирин во 1.коло од Ролан Гарос. „Кралот на земјените терени“ немаше никакви проблеми во првите два сета 6:3 и 6:2, во третиот противникот покажа малку заби меѓутоа искусниот Шпанец не дозволи изненадување 7:6(5).

Во второто коло тој ќе се сретне со Ришар Гаске кој денеска го помина Јого Гастон со 6:1, 6:4, 6:2. Инаку во меѓусебните дуели Надал има 16 од 16 против Гаске и се очекува нова победа на Шпанецот.

Надал стигна и до 101. победа на Ролан Гарос oд 103 меча. ИМПРЕСИВНО!

ПретходноГасол остана вчудоневиден: Димитријевиќ им „продаде“ финта на Каталонците (ВИДЕО)
СледноДимитријевиќ со 16 поени во поразот од Барселона