Обројувањето почна со Пандев и Македонија

324

На десет дена до официјалниот почеток на Европскиот фудбалски шампионат, на кој секако учевствува и Македонија, одбројувањето започна токму со нас. Со Македонија и со нејзината „десетка“, капитенот Горан „Гранде“ Пандев.

Официјалниот сајт на УЕФА како најава за она што претстои ќе ги искористи сите варијанти и можности да не испоромовира максимално.

Ние сме дебитанти за прв пат ќе се појавиме на едно вакво големо натпреварување, и секако дека сме и интересни за пошироката фудбалска јавност.

Македонската репрезентација во моментов се подготвува во Скопје, вечерва го играме првиот од двата закажани пријателски мечеви на домашен терен против Словенија, а на ЕП стартуваме во Букурешт против Австрија на 13 јуни.

 

 

ПретходноВечерва со Словенија ќе ја одиграме првата “генералка“ пред ЕП, се оди на победа…
СледноРумениге си замина, Оливер Кан нов извршен директор на Баерн Минхен