Ќе тресе мрежи и следната сезона: Кваљарела продолжи со Сампдорија!

130

Напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела потпиша нов договор со Сампдорија со важност до јуни 2022 година што значи дека и идната сезона ќе ги тресе мрежите во Серија А. 38-годишниот фудбалер имаше добра 2020/21 сезона која ја заврши со 13 голови во 33 натпревари. Неговиот претходен договор истекуваше овој месец, но ветеранот доби нов кој го потпиша.

„Горд сум што ме сметаат за легенда на Сампдорија. Му благодарам на претседателот, им благодарам на навивачите, на соиграчите кои ме поддржуваат.Авантурата продолжува“, соопшти Кваљарела.

ПретходноАвстрија на ЕП со 19 фудбалери од Бундес лигата!
СледноПолска и Русија одиграа реми во Вроцлав (видео)