ЕХФ одбрoјува до Келн – „кралот“ Лазаров во најавната „шпица“ (ФОТО)

883

Уште деет дена остануваат до стартот на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите. Македонија ќе има свој претставник – Кирил Лазаров. Предводникот на нашиот најдобар национален тим и капитен со својот Нант го елиминираа Веспрем и стигнаа до вториот настап на Ф4.

За Лазаров кој е рекордер во ЛШ, ова ќе биде седми настап во битката за титулата. „Кралот“ Лазаров како што милува да напишат од ЕХФ се најде во главната фотографија денеска заедно со останатите ѕвезди од кои се очекува да бидат лидери на своите тимови.

Нант во полуфиналето ќе игра против Барселона, додека во втората двојка ќе се сретнат ПСЖ на Раул Гонзалез и Алборг.

Претходно„Куп на пријателство“: Академија Пандев загуби од Сараево со 2:0 (ВИДЕО)
СледноСамо што потпиша за Барселона, сега е позитивен на Ковид-19