Стоилов на пат за Рига

2325

Како што дознава Спортмедиа, повремениот Македонски репрезентативец и досегашен член на тимот на Академија Пандев Ѓорѓи Стоилов ќе стане интернационалец.

Има сериозна понуда, и веројатно истата ќе ја прифати од страна на тимот на Рига, еден од најквалитетните клубови во шампионатот на Летонија.

За потсетување Стоилов, ги мина сите младински селекции на Македонија, а се најде на споисокот и на А репрезентацијата кај селекторот Игор Ангеловски во изминатиот период. Настапуваше за Хоризонт Турново, односно Академија Пандев.

Во шампионатот на Летонија сезонава со успех настапуваат Дарко Мицевски и Јован Попзлатанов, но за градскиот ривал на Рига, тимот на РФС.

 

ПретходноИбраими: Имаме врвна екипа за ЕП, знам дека момците ќе одиграат најдобро
СледноИбраими: Адеми не сакаше да игра за Македонија, јас го убедив да дојде