Иван Чупиќ после пет години го напушта Вардар. Хрватскиот репрезентативец беше еден од главните лидери во составот на двократниот освојувач на титулата во ЛШ.
За жал Чупиќ не можеше да се збогува со Вардар како што посакува, пред полни трибини.
“Поминав убави години во Вардар. И претходно кажав тука се чувствувам како дома. Македонија, Скопје е мојот втор дома. Мило ми е што заминувам со двојна титула. Секој ден поминат во клубот ќе го памтам, и со Самсоненко и со Михајло. Жал ми е што не се збогував пред полни трибини, пред Комитите, но се надевам дека тоа ќе го сторам кога ќе се вратам следната сезона, ќе има публика. Иако ќе бидам играч на Загреб, јас ќе бидам среќен што ќе се вратам во Скопје”, изјави Чупиќ.