Агуеро само поради Меси прифатил четирипати помала плата во Барселона

797

Платата на Серхио Агуеро во Барселона ќе биде скоро 4 пати помала од онаа која ја добиваше додека го носеше дресот на Манчестер Сити, открива Мундо Депортиво.

Напаѓачот ќе добива 6 милиони евра годишно за време на неговиот 2-годишен престој на „Камп Ноу“. Додека го носеше дресот на „граѓаните“, тој инкасираше по 23 милиони евра од сезона.

Агуеро имаше далеку попривлечна понуда од Јувентус, но ја одбра Барса заради пријателството со Лионел Меси. Сепак, неговиот договор вклучува и значителни бонуси за голови, победи и трофеи.

ПретходноГоразд Михаилов ќе го води Силекс во Европа, а потоа ќе го враќа во елитата!
СледноРепрезентативците го изненадија Мрме со подарок за неговиот роденден (ФОТО)