Алушовски: Горд сум на играчите, ова е нивна титула

223

Стевче Алушовски денеска со Вардар ја прослави и првенствената титула. Како тренер на „црвено-црните“, Алушовски успеа да ја освои својата прва шампионска титула со најтрофејниот македонски тим.

„Ова ми е прва титула како тренер и навистина ми е драго и чест што работев со оваа група момци. Горд сум на сите нив, ова е нивна титула. Од февруари до денеска одигравме 33 натпревари, беше напорно, со мал ростер и играчи кои требаше да ги извојуваат главните битки. Презадоволен сум, пресреќен и прегорд на момците, на сите што работат во клубот. За жал оваа сезона ја игравме без публика, можеби спектаклот ќе беше поголем, но што е тука е. На Вардар му посакувам уште многу двојни круни“, изјави Алушовски, кој по завршувањето на официјалната сезона ја завршува и својата обврска на клупата на тимот.

ПретходноБитка за клупата на Евертон, Мојс и Еспирито Санто фаворити, се споменуваат и Џерард и Бенитез
СледноВо драматичен финиш МЗТ Скопје ја доби првата битка од финалето на плеј-офот