Карло Анчелоти му ја отвори вратата од „Сантијаго Бернабеу“ на Герет Бејл да се врати во Реал, откако искусниот италијански стратег по вторпат беше претставен како нов кормилар на тимот.
Бејл ја мина сезоната 2020/21 на позајмица во поранешниот тим Тотенхем, каде постигна 11 гола во Премиер лигата. Велшанецот неодамна откри дека не може да ги открива своите планови за следната сезона, бидејќи тие можат да „предизвикаат хаос“, но Анчелоти навести дека сака да го има Бејл на располагање следната сезона.
„Герет не играше многу во Премиер лигата, но тој постигна многу голови, беше многу ефикасен во последните натпревари кога имаше шанса да игра. Тој се враќа полека, јас многу добро го познавам. Ќе биде мотивиран да игра подобро и да има одлична сезона, без сомнение”, изјавил Анчелоти, најавувајќи го неговото враќање во Мадрид.