За Вардар 1961 сезоната не е завршена. Освојувачот на двете титули во македонскиот шампионат има обврски во СЕХА-лига, треба да ги одигра двата четвртфнални дуели против Металопласитка.
На овие две средби на голот на Вардар нема да биде Борко Ристовски. Искусниот чувар на мрежата ќе мора да оди на операција. Станува збор за проблем со коленото, поточно со менискусот. Ристовски веќе цела сезона мака мачи со коленото, последните средби стисна заби, одигра со оток.
Ова прва операција на која ќе мора да оди во Борко, во досегашната кариера се нема соочено со сличен проблем. Но, истата не бара долга пауза ќе има доволно време за опоравување и враќање во форма.