Веспрем претрпе нов удар, овој пат од Пик Сегед

480

Како одминува сезоната и доаѓа крајот, така истата станува комплицирана за Веспрем. Откако не успеа да се најде меѓу четирите екипи на Ф4 во Келн, ѕвездениот тим на Давид Дејвис, падна на нов испит, овој пат вреден титула.

Првата пресметка со Пик Сегед во унгарскиот шампионат, Веспрем ја загуби на гостински терен, беше поразен со 31-28. Домашните ракометари до триумфот дојдоа благодарение на добрата игра во второто полувреме, откако првиот дел заврши 14-14.

Дејан Манасков на овој меч запиша четири гола, Нилсон и Ненадиќ имаа по седум.

ПретходноРепрезентативците го изненадија Мрме со подарок за неговиот роденден (ФОТО)
СледноКам-бекот на Бензема во репрезентацијата на Франција почна со промашен пенал! (ВИДЕО)