Вујовиќ е во Скопје, се враќа во Вардар?

970

Веселин Вујовиќ се чини ќе биде новиот стратег на Вардар следната сезона. Иако во последните неколку недели имаше дилеми, пред се поради негодувањата од страна на дел од играчите на „црвено-црните“, сепак првиот човек, Михајло Михајловски се чини донел одлука.

А дека тој се враќа на кормилото на двократниот освојувач на титулата во ЛШ, стигна потврда од лице место. Вујо веќе е во Скопје, дојде да го гледа последниот меч од домашниот шампионат на Вардар против Металург.

“Ќе видиме, јас секогаш доаѓам туристички во Скопје”, рече Вујо, но Михајловски најави дека ќе преговараат.

ПретходноТафа и Гавазај си заминаа од Ренова
СледноМладите до 19 години поразени на првиот тест во Бугарија (ВИДЕО)