Ги објавија стадионите за Копа Америка

181

КОНМЕБОЛ потврди дека Бразил ќе биде организатор на Копа Америка откако им беше одземено домаќинството на Колумбија и Аргентина и тоа на 13 дена пред почетокот на континенталниот турнир. Аргентина и Колумбија требаше да бидат коорганизатори, но поради протестите во Колумбија против претседателот оваа држава отпадна од плановите, а поради зголемениот број на КОВИД-19 случаи во Аргентина организаторите го преместија турнирот во Бразил. Ова можеби е апсурдна одлука затоа што Бразил исто така бележи голем број, можеби повеќе од Аргентина, на заразени со КОВИД-19 како и смртни случаи.

Така синоќа е потврдено дека Бразил ќе биде домаќин, а натпреварите од 13 јуни до 10 јули ќе се играат четири стадиони и без публика. Стадионите на кои ќе се играат мечевите се „Маракана“ (Рио де Жанеиро), „Мане Гаринча“ (Бразилија), „Арена Пантанал“ (Куаба) и Естадио Олимпико (Гојана).

Изборот на стадиони е направен така што нема да пречи на одржувањето на бразилското првенство кое продолжува и покрај Копа Америка.

Прво Копа Америка требаше да се одржи во 2020 година но беше одложен за оваа поради Ковид-19.

ПретходноМилан се засилува со двајца играчи од Челзи
СледноОва се конечните состави за ЕП 2020 – Што мислите кој e најсилниот?