Македонската репрезентација до 21. година се подготвува во Терме Чатеш за утрешниот пријателски натпревар против домашната селекција на Словенија кој е закаѓан за 15:00 часот.
Нашиот тим е составен од оние момци кои ќе треба да го понесат најголемиот товар за следните квалификации, односно за она што следува од септември.
Еден од оние кои веќе има квалификациско искуство, е играчот за врска на Злате Моравце, Томче Гроздановски кој вели дека оваа селекција на репрезентативци има капацитет и квалитет исто така за големи нешта како и претходните.
„Имаме супер генерација и очекуваме големи успеси и пласман на Европско првенство. Има добра атмосвера, тоа е најважно функционираме како една фамилија како на терен така и надвор од него“, вели Гроздановски.
Младата репрезентација на Македонија предводена од Благоја Милевски не навикна на успеси и на топ резултати и игри во квалификациите, па сега нормално е тоа да се очекува од секоја генерација.
„Поседуваме голем квалитет како генерација. Пред се, секој има посебна мотивација да се бориме и играме за репрезентација од тоа нема поголема мотивација од играњето за Македонија. Утре не очекува пријателски меч со Словенија и тој ќе биде одлична можност да провериме до каде сме што се вели. Ни претстојат квалификации, Словенија е супер противник да ги одмериме силите. Селекторот Милевски е топ стратег. Педагог, вистински водач, од него многу може секој да научи. Работевме одлично во Турција, и во Скопје за време на подготовките, а еве и тука во Словенија. Ветуваме добри игри, уште подобри резултати и нормално успех за Македонија“, вели Томче Трајановски пред утрешниот пријателски меч против Словенија.