Агим Ибраими беше човекот што го убеди Аријан Адеми да го облече дресот на македонската репрезентација. Адеми е братучед на Агим, кој е роден во Хрватска но има македонски корени.
„Тешко беше на почетокот. Сакавме да биде дел од репрезентацијата на Македонија. Со татко ми го убедувавме да дојде затоа што знаевме дека може многу да помогне, а сега гледаме дека сме биле во право. Тој не сакаше, што е нормално затоа што бевме 110. репрезентација на ранг листата на ФИФА, но чекор по чекор, успеавме да го убедиме. Сега е главен играч во репрезентацијата. Со него сме многу, многу посилни и подобри“, вели некогашниот репрезентативец.
Ибраими: Имаме врвна екипа за ЕП, знам дека момците ќе одиграат најдобро