Ибраими: Имаме врвна екипа за ЕП, знам дека момците ќе одиграат најдобро

1638

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими беше гостин на ФФМ и зборуваше за македонската репрезентација и шансите за добар пласман на ЕП иако сме дебитанти.

Во македонската репрезентација има врвни фудбалери. Фокусот на фудбалска Европа ќе биде насочен кон играчите и нема поголема мотивација од тоа. Само сакам да им посакам да бидат здрави и подготвени за игра. Верувам во тимот и знам дека ќе се прикажат во најдобро светло. Јас сум еден од нив и со цело срце ќе ги бодрам“.

Имаме врвна екипа за Европско првенство. Можеме да направиме многу на континенталниот шампионат. Мислам дека другите екипи се уште не потценуваат и тоа е најголемата предност на македонската репрезентација. Уште веруваат дека ова е само моментален успех, дека немаме квалитет за големи нешта. Тука е и нашата сила, ние од меч во меч покажуваме дека сме многу силни и непријатни за секого и дека можеме да победиме било кој противник “, вели Ибраими.

ПретходноВардар на денешен ден ја покори Европа, во „вулканот“ го чека 14. пехар
СледноСтоилов на пат за Рига