И Суарез го промени мислењето за Челзи

572

На местото на Лампард на клупата на Челзи дојде Томас Тухел, кој доби отказ од ПСЖ. На крајот на сезоната овој потег на раководството на клубот се покажа како полн погодок, тимот се најде во финалето во ЛШ и на сметка на Сити дојде до пехарот.

Челзи неочекувано дојде до својата втора титула, никој не веруваше дека има сили да стигне до тронот.

Луис Суарез е еден кој го потцени овој тим, но сега целосно го промени мислењето.

„Амбициите не се менуваат, зошто да не сонуваме за Лигата на шампиони. Погледнете го Челзи, против нив сакаше да игра секој тим во нокаут фазата, сметаа дека е слаба екипа, на крајот го освоија ова натпреварување“, рече Суарез.

ФОТО: Луис Суарез/Твитер

ПретходноСо Вардар нема шега, моќно до 14. пехар
СледноПетмина ја завршуваат соработката со Шкупи