Шампионскиот тим и освојувачот на македонскиот женски кошаркарски куп – ЖКК Баскет Кам, и нивниот противник во двете финални серии, екипата на Бадел 1862, во следната натпреварувачка сезона 2021/2022, ќе играат во WABA, односно Јадранската лига.
Неполни два дена по заврпувањето на финалната серија од плеј-офот во кој екипата од Макеоднска Каменица стигна и до шампионскиот трофеј, доаѓа потврдата за учество во најквалитетното натпреваруавње на просторите на поранешната држава.
Според најавите од редовите на екипата од Македонска Каменица, повеќе информации за идните планови на клубот ќе бидат објавени во наредните денови.
Она што е сеуште во фазата на неофицијалното е дека во сезоната 2021/2022, женската Јадранска лига ќе брои вкупно 12. клубови учесници, поделени во две групи по шест. Што значи дека двата наши претставници ќе бидат одвоени во првата натпреварувачка фаза од регионалното натпреварување во кое би ги очекувало по десет натпревари против силни екипи од Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Бугарија.