Пандев: На Македонија и одговара улогата на аутсајдер, тогаш е најопасна!

364

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за пласман на Европското првенство, прво големо натпреварување во историјата на овој спорт. Нашите момци се вистински хит, полека ги придобиваат симпатиите во јавноста.

Нашата најголема ѕвезда на ова контитентално натпреварување е капитенот, Горан Пандев. Секој новинар сака да направи своја приказна со него, а меѓу нив се и колегите од Авсрија. Токму оваа земја ќе биде прв противник на Македонија на стартот, мечот се игра на 13. овој месец во Букурешт.

Капитенот вели дека Македонија е најопасна кога на неа гледаат како аутсајдер.

„По последните резултати останатите репрезентации нè гледаат поинаку. Имаме наш квалитет, знаеме што сакаме на теренот, добро функционираме. Иако ја победивме Германија, тоа не треба да нè залажува дека лесно ќе поминеме во нашата група. Ние сме аутсајдери, а кога сме аутсајдери, можеме да изненадиме“, изјави Пандев. 

Што се однесува до првиот противник, Австрија признава дека е селекција со која Македонија има лошо искуство, но верува во добар резултат.

„Со Австрија имаме лошо искуство. Знаеме за каков противник станува збор, сигурно се фаворити во првиот меч на ЕП, но ние се надеваме дека ќе оставиме добар впечаток и ќе направиме добар резултат“.

ПретходноНикола Тасевски од Скопје е новиот супер милионер со освоени речиси 11 милиони денари
СледноСамараџиев: Ќе уживаме во секоја минута на теренот