После девет години МЗТ Скопје и Еуро Никел одново во битката за тронот

205

По една година пауза поради коронавирусот, македонската кошарка ќе добие шампион. Финалето во плеј-офот стартува денеска (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“, главни актери се МЗТ Скопје и Еуро Никел.

Овие два тима последен пат во завршната фаза во домашниот шампионат се сретнаа во 2012 година, како победник излезе МЗТ Скопје, кавадарчани ги совлада со 4-1, кои под името Фени Индстри беа бранители на титулата. Во својата историја имаат три пехари (2008, 2010 и 2011).

На другата страна, МЗТ Скопје ја „брка“ осмата титулата. Во последното финале беше подобар од Работнички со 3-0. Доста интересено е што во последните осум финалиња имаат освоено седум титули.

Избраниците на Дарко Радуловиќ покажаа зрелост, покажаа сила оваа сезона, по освојувањето на Купот на Македонија, имаат само една желба – да ги обединат титулите за перфекна година.

ПретходноРистески си заминува од Работнички
СледноПостапка за пристап на Националната арена во Букурешт, Романија за натпреварите на УЕФА ЕУРО 2020