Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска го прославис војот 45. роденден. Македонските репрезентативци не го заборавија, па вечерва му подготвија изненадување, со навистина убав подарок.
Луксузниот часовник од брендот „Tissot“ го доби од своите избраници со кои ќе патува на дебитантскиот настап на ЕП. На својот профил на социјалните мрежи, популарниот Мрме напиша:
„Дечки Ви благодарам за честа и поклонот, но јас и сите навивачи на македонската фудбалска репрезентација од вас го добивме највредниот поклон EURO 2020“.