Само што потпиша за Барселона, сега е позитивен на Ковид-19

354

Серхио Агуеро има позитивен тест за Ковид-19 само неколку дена откако потпиша за Барселона. Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити сега ќе ги пропушти двата квалификациски натпревари за Аргентина против Чиле и Колумбија.

За него се вели дека бил позитивен на брз тест спроведен од Аргентинскиот фудбалски сојуз во Езеиза на периферијата на Буенос Аирес, веднаш по неговото пристигнување во вторникот наутро од Европа.

Сега се разбира дека Агуеро ќе ги чека резултатите од вториот тест.

Ако и тој е позитивен, 33-годишниот Аргентинец мора да оди во карантин.

ПретходноЕХФ одбрoјува до Келн – „кралот“ Лазаров во најавната „шпица“ (ФОТО)
СледноСо Вардар нема шега, моќно до 14. пехар