Саутгејт за составот на Англија: Го одбрав најдоброто, немаме туристи во екипата

215

ФОТО: Тwitter/England

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го прокоментира изборот на составот за ЕП 2020. Тој ја објави групата од 26 фудбалери кои ќе го претставуваат „Гордиот албион“ на континенталниот шампионат. Од првичниот список од 33 играчи отпаднаа седум фудбалери меѓу кои и Џеси Лингард. Но затоа има четири десни бекови.

Тие се најдобрите 26 фудбалери и затоа се во тимот. Ако требаше, ќе повикав и шест десни бекови. Не чекаат потенцијални девет натпревари. Веќе имаме проблеми со повредени играчи, а имаме потреба од адаптивност, добри играчи и добри професионалисти. Добро е што имаме и млади фудбалери кои играат на врвно ниво“, изјави Саутгејт.

„Имаме потреба од тој баланс. Основата ја сочинуваат играчи кои знаат да победуваат и учествувале на силни турнири. Младите играчи ќе внесат енергија. Не повикав туристи. Имаме состав, во кој секој е спремен да допринесе со нешто. Во моментов гледаме подалеку од групната фаза. Играме против финалистот од светското првенство Хрватска во 1. коло, имаме дерби со Шкотска, а потоа со Чешка које е една од најнезгодните репрезентации во Европа. Има осум или десет репрезентации кои можат да го освојат турнирот. Докажавме дека можеме да победиме секого, кога имаме свој ден, но треба да покажеме постојаност“, вели Саутгејт.

Англискиот селектор додаде дека не е јасно кога ќе може да смета на Хендерсон и Мегваер. Капитенот на Ливерпул нема играно од февруари и тукушто ги почна тренинзите, а дефанзивецот има повреда на ногата и не ги одигра последните неколку натпревари за Манчестер Јунајтед.

ПретходноБожиновски пред портите на Струга Трим Љум
СледноОфицијално: Баскет КАМ и Бадел 1862 ќе играат во WABA лигата