Гостивар почна да го гради тимот за следната сезона. Раководството на клубот почна од тренерското место, одлучи да ја продолжи соработката со Александар Јончевски.
Младиот стратег во Гостивар дојде пред крајот на сезоната на местото на Марјан Србиновски.
Јончевски ќе има шанса следната сезона да ја оправда довербата и да го однесе Гостивар чекор понапред.