Арсенал го купува суспендираниот Онана од Ајакс

320

Голманот на Ајакс, Андре Онана може да ја продолжи кариерата во Арсенал, пишува холандското издание „NOS“. Во моментов Онана е суспендиран на 12 месеци поради употреба на забрането средство поради кое имаше позитивен допинг тест. Суспензијата му е потврдена од УЕФА и тој не може да игра. 25-годишниот голман се жали до Арбитражниот суд во Лозана и очекува казната да му биде симната или барем намалена.

На Онана му се забранети секакви фудбалски дејствија до февруари 2022 година, дури не може ни да тренира со Ајакс, па принуден е да тренира со аматерски клуб од Амстердам.

И покрај тоа камерунскиот чувар на мрежата чини меѓу 7 и 9 милиони евра, ако казната му биде намалена. Доколку му биде потврдена тогаш Арсенал би можел да го купи и за околу 2 милиони евра, пишува „NOS“.

Арсенал размислува да се ослободи од Бернд Лено и Онана би бил негова замена. Инаку Камерунецот има 204 настапи за Ајакс откако дојде од Барселона во 2015 година.

ПретходноЛуд меч меѓу Денвер и Портланд, Лилард реализира дури 55 поени!
СледноМилан се засилува со двајца играчи од Челзи