Како што и најавивме пред неколку дена, Горан Симов нема да го води Силекс во втора лига, но затоа кратовци имаат нов шеф на струката. Тоа е Горазд Михаилов, екс стратегот на Тетекс, Македонија ЃП, Борец чиј тренер беше до пред некој месец.
Михаилов тимот на Силекс ќе го води прво во Европа, и тоа во квалификациите во Конференциската лига. Потоа ќе се обиде низ сезоната што претстои во втората лига – запад, да го врати експресно некогашниот трикратен првак и актуелен освојувач на Купот, во нашата фудбалска елита.