Данска не ги пушта руските навивачи на нејзина територија

195

УЕФА не успеа да ги убеди властите во Данска да дозволат влез на навивачи од Русија за време на меѓусебниот натпревар во рамките од Европското првенство.

Според препораките кои се на сила, нон ЕУ граѓаните немаат пристап во Данска за време на пандемијата, па така што руските навивачи и покрај купените билети и организираниот пат, нема да бидат во можност да влезат во оваа земја.

Мечот е закажан за 21. јуни но во моментов место за промена на ситуацијата речиси и да нема.

„Ги замолуваме организаторите веднаш да ја променат одлуката и да дозволат влез на навивачите во Данска. Да предложат механизам, решение за проблемот“ – вели претседателот на Руската фудбалска федерација Алаксандар Алајев во писмото упатено кој директорот на Европското првенство Мартин Кален.

 

ПретходноШкендија утре стартува со Тимовски и Биљали како новитети
СледноПознат составот на Италија за ЕП (ВИДЕО)