Арбен Тафа и Аљуш Гавазај не се повеќе дел од тимот на Ренова.
„Гипсарите“ ќе го реновираат тимот откако едвај спасија глава што се вели и обезбедија опстанок во првата лига затоа што во баражот беа подобри од тимот на Охрид.
Сега, управата ќе размислува како и на кој начин ќе влезе во новата сезона, а тоа дефинитивно ќе биде без Тафа и Гавазај.
Стоперот мина краток период во Ренова, исто како и интернационалецот од Косово.