Јуве бара начин да го продаде Шчесни, за да може да потпише со Донарума

367

„Тутоспорт“ денеска пишува дека Јувентус го нуди Војчех Шчесни во Рома во замена за Алесандро Флоренци, само за да го ослободи голманското место за Џанлуиџи Донарума.

Повеќе извори веќе објавија дека Јуве го посакува Донарума како слободен агент, но прво треба да направи простор со продажба на Шчесни. Засега продажбата на Полјакот оди многу тешко, бидејќи нема многу заинтересирани клубови кои би можеле да ја платата неговата сегашна плата.

31-годишниот голман има договор до јуни 2024 година и нема намера да си оди, ако не добие исти договорни услови од друг клуб.

ПретходноКам-бекот на Бензема во репрезентацијата на Франција почна со промашен пенал! (ВИДЕО)
СледноАвстрија поразена од Англија, Депај ја спаси Холандија од пораз (ВИДЕО)