После цели десет години, Серџио Агуеро си замина од Манчестер Сити, и си замина со стил. Покажа дека е вистински фраер. Имено на простувањето, тој на вработените во клубот им подари скапоцени работи, како часовници и слично.
Сепак најдобро мина економот, кој доби клучеви од најновиот модел на “Ренџ Ровер“. Прекрасна глетка, нешто што ретко се случува во модерниот фудбал.
И дефинитивно се покажа дека Агуеро е голем човек.
The moment Sergio Aguero handed over the keys to his Range Rover to one #ManCity kit man before leaving the club. 🥰💙 @aguerosergiokun pic.twitter.com/f6s0JzKU08
— City Xtra (@City_Xtra) June 3, 2021
Да потсетиме дека Аргентинецот деновиве потпиша двогодишен договор со Барселона.