ФОТО: EKIPA24.SI
Македонската репрезентација до 21. година на пријателскиот натпревар против Словенија во Терме Чатеш, предмалку загуби со убедливи и високи 3:0.
Домаќинот практично не откажа уште по само седум минути игра затоа што Матко во втората и Прелец во седмата му донесоа водство на домаќинот од 2:0.
Слабата реакција во одбраната и неснаодливоста на нашите репрезентативци не дозволи на овој меч ние да спроведеме ниту дел од замисленото затоа што губевме уште од самиот старт. Потоа беше многу тешко да се вратиме во игра и да направиме нешто на противничката половина. Елези во првиот дел ја имаше единствената наша шанса, но шутираше над гол.
На самиот крај на првиот делго видовме најубавиот потег на овој меч кога од околу дваесетина метри Светлин со прекрасен удар зголеми на 3:0 за Словенија.
Во вториот дел, селекторот Благоја Милевски нормално и очекувано незадоволен од она што го виде во првиот дел, направи грст измени и проба да ја заврти ситуацијата.
Нешто и почнавме да играме во поле, неколкупати и сврзавме добри акции, но не успеавме да се заканиме сериозно. По една гужва на средината на теренот Марио Илиевски заработи втор жолт картон и останавме со десетмина во поле.
Ова е генералната проба што се вели пред септемвриските квалификации за оваа У21 генерација, и секако дека пред нас имаме вистински предизвик. А тоа е да ги остраниме сите аномалии во играта пред се во одбраната, кои ги имаме поприлично, а потоа и да почнеме да играме поорганизирано и поквалитетно.