Foto> Twitter/ATP Tour
Српскиот ас Новак Ѓоковиќ по триумфот на стартот против Сандгрин, денес без многу проблеми го надигра ветеранот од Уругвај, Пабло Куевас и со сигурни 3:0 патува во следното коло на вториот овосезонски Грен слем турнир. Ѓоковиќ лесно, речиси без проблеми за два часа и осум минути го победи Уругваецот. Првиот сет го доби со 6:3, вториот со 6:2 и третиот со 6:2. Новак го следното коло ќе игра со Литванецот Беранкис.
Федерер се пласира во наредното коло по триумфот над Хрватот Марин Чилиќ со 3:1 во сетови.
Од денешните мечеви ја издвојуваме елиминацијата на домашниот тенисер Гаел Монфилс од Швеѓанецот Микаел Имер со 1:3 (0:6, 6:2, 4:6 и 3:6). Германецот Колшајбер се пласира во наредната рунда по триумфот над Русинот Карацев, понатаму одат уште Квон Сунво од Јужна Кореја, Синер, Мусети, Беретини (тројцата од Италија), Шварцман (Аргентина)…
Вечерва Надал ќе се пресмета со Гаске.