Симоне Инзаги и официјално нов тренер на Интер

312

Екипата на Интер најде замена за досегашниот тренер Антонио Конте. Во новата сезона како актуелни шампиони во Серија А, „Нероазурите“ ќе ги води Симоне Инзаги, досегашниот тренер на тимот на Лацио.

Во Рим помладиот од браќата Инзаги престојуваше од 2016 година, а сега очигледно ќе ја подигне својата тренерска кариера на едно сосема поинакво ниво.

Интер следната сезона ќе настапува во Лигата на Шампионите, ќе има задача да ја одбрани тешко стекнатата шампионска титула и ќе може да се рангира меѓу најдобрите тренери во светот.

 

ПретходноНова трагедија во ракометот: На 20 години почина Марко Божиновски
СледноТухел веќе „прецртал“ 11 имиња во Челзи, побарал три нови засилувања