У-21: Надежите попладнево на тест со Словенија

309

Младата репрезентација на Македонија до 21.година, попладнево од 16 часот ќе одигра пријателски меч против соодветната селекција на Словенија, на нејзин терен. Нашите надежи веќе неколку дена се во Терме Чатеж, каде и се игра натшреварот. Тие под водство на селекторот Благоја Милевски одработија квалитетни подготовки со цел на овој денешен меч да бидат во што подобра форма.

Од она што може да се дознае од нашиот табор, атмосферата е одлична, едвај се чека овој меч, кој треба да биде дел од подготовките за претстојниот квалификациски циклус за У-21 Евро 2023 во Романија и Грузија, да започне. Секако дека Словенија е одличен тим, токму она што му треба на нашиот младински состав во овој момент.

Да споменеме дека квалификациите за Евро 2023 година започнуваат во септември, а ние првиот меч од групата ќе го имаме на 2 септември и тоа со гостувањето кај Франција. Покрај оваа репрезентација, У-21 селекцијата на Македонија во квалификациската група за ривали ги има и Србија, Ф. Острови, Ерменија, Украина.

ПретходноКазахстанците “заглавија“ на аеродромот во Скопје, па ФФМ мораше да помага!
СледноСамо тројца повозрасни фудбалери од Пандев ќе играат на Еуро 2020