Ѓуроски одличен, Аликанте поразен

187

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски имаше одлично издание против Бреоган во полуфиналето на плејофот во „Леб Оро“ лигата на Шпанија.

Ѓуроски имаше шест постигнати тројки (од осум обиди), се заедно 23 поени на кои додаде пет скока и една асистенција. Но тоа не беше доволно за успех . Во драматичен финиш ХЛА Аликанте загуби со (88:87) и сега е во негатива од 1-0 во полуфиналната серија.

Следниот меч од полуфиналето во Втората шпанска лига е во сабота навечер во Аликанте.

Претходно„Рисовите“ одработија пред Казахстан (Фотогалерија)
СледноЕшли Барти елиминирана од Ролан Гарос