Ангеловски: Барди од денес работи индивидуални тренинзи, Хасани има пукнатина на носот, Сприовски утре ќе игра

742

На денешната прес конференција пред утрешниот меч против Казахстан кој го играме во рамките од подготовките за следниот Европскио шампионат, селекторот Игор Ангеловски го кажа здравствениот билтен што се вели на нашиот состав, она што во моменнтов е најважно.

„Енис Барди од денеска излегува од изолација, и ќе тренира индивидуално од денеска. Го чекаме негативниот тест за да може да се приклули. Ферхан Хасани за жал има пукнатина на носот и ќе мора да тренира во моментов без контакт, но е во комбинација нормално, наскоро ќе биде се во ред со него. Конечно, Стефан Спировски е фит и дефинитивно утре, ќе игра во првиот состав„ – изјави селекторот Ангеловски, а потоа се осврна на самиот дуел против Казахстан.

„И овој меч ќе го искористиме како тренинг натпревар. Ни доаѓа селекција која што не е тип Лихтенштајн, или Гибралтар. Со Украина одиграа 1 1 на нејзин терен. Млади фубдалери претежно од нивен шампионат го чинат нивниот состав и мислам дека ќе биде ова солидна контрола за нас.

Ќе комбинираме со составот

Што се однесува до составот со кој ќе настапиме утре селекторот Ангеловски рече.

„Да, малку ќе искомбинираме, ќе добијат шанса некои кои досега не биле стартери, некои стартери ќе ги одмориме што се вели затоа што тоа им е потребно во моментов. Што се донесува до самото комплетирање на нашиот состав за самиот ЕП сеуште е рано за тоа да се говори, тоа ќе го сториме на два до три дена пред ЕП„ – изјави Ангеловски.

 

 

ПретходноУЕФА ги подели билетите за Еуро 2020 (ФОТО)
СледноМихајловски утре ќе ги отвори картите, „Вујо мајсторе“ пред промоција?