Арсенал потврди разделба со Одегард, Давид Луиз и уште двајца играчи

513

Одбранбениот фудбалер Давид Луиз, играчите за врска Дани Себаљос и Мартин Одегард и голманот Матју Рајан го напуштаат Арсенал, потврдија од лондонскиот клуб. Одегард и Себаљос играа како позајмени од Реал Мадрид и не е договорена нова соработка. Луис и Рајан си заминуваат затоа што им истекуваат договорите и истите нема да бидат продолжени.

Луиз дојде во Арсенал во2019 година од Челзи, а минатата сезона постигна 1 гол на 20 натпревари. Претходно играше и за ПСЖ, Бенфика и Виторија од Бразил. Се уште не се знае каде Бразилецот ќе ја продолжи кариерата, можно е да се оди во некој од бразилските клубови.

Moжно е Арсенал да го напуштат и Матео Гендузи и Гранит Џака. Ќе видиме како ќе одговорат „топчиите“ со трансферите на нови играчи на „Емирати“.

Арсенал имаше разочарувачка сезона и го освои осмото место во Премиер лигата и нема да учествува во европските клупски турнири за прв пат по сезоната 1995/96.

ПретходноПрилеп остана во Супер-лига!
СледноНема Куп-финале за Кузмановски и Хановер