Ван Бомел е нов тренер на Волфсбург

253

Германскиот бундеслигаш Волфсбург кој оваа сезона успеа да се квалификува во Лигата на шампионите има нов тренер. Предводникот на тимот Гласнер ги изненади челниците на Волфсбург кога објави дека нема да го продолжи договорот и ги напушти „волците“, па од клубот итно мораа да побараат негова замена.

Од клубот доцна синоќа потврдија дека нашле негова замена, па екипата следната сезона ќе ја води холандскиот стратег Марк ван Бомел.

44-годишниот холандски стручњак потпиша двегодишен договор со Волфсбург.

ПретходноДончиќ ги урива рекордите на Леброн Џејмс
СледноГолем удар за Англија: Ѕвездата на Ливерпул се повреди и го пропушта ЕУРО 2020!