По сите турбуленции и разочарувања оваа сезона, екипата на Веспрем очигледно се подготвува за реконструкција на тимот.
Утрово на виделина излегоа интересни „озборувања“ за кои се чека и дополнителна потврда од Унгарија, а кои се однесуваат на најверојатното заминување на Вуко Борозан од составот на Веспрем.
Црногорскиот бек се приклучи во Веспрем во 2019 година по заминувањето од Вардар, но по се изгледа, тој ја одигра последната сезона во дресот на унгарскиот тим. Тој наводно е ставен под суспензија во тимот, која официјално не е потврдена.