Видал се заразил со КОВИД-19 и нема да игра на Копа Америка, ФС на Чиле покрена истрага!

193

Артуро Видал се заразил со коронавирусот Ковид-19 и е хоспитализиран во болница во Чиле, а Фудбалскиот сојуз покрена истрага за да открие на кој начин фудбалерот се заразил кога не смеел да го напушти местото каде што престојувал.

Играчот од средниот ред е позитивен на Ковид-19 и хоспитализиран во понеделникот, па отпадна од составот на Чиле за настапите на Копа Америка која почнува за неколку денови.

ФС на Чиле покрена истрага затоа што постојат сомнежи дека фудбалерот не ги почитувал здравствените протоколи. Според локалните медиуми, Видал присуствувал на трки со коњи, потоа во луксузен ресторан каде што се фотографирал со персоналот без да носи маска.

Видал на социјалните мрежи сподели дека се заразил од близок пријател.

Чилеанскиот репрезентативец го чека парична казна доколку се утврди дека ги прекршил протоколите.

ПретходноФиналистите од Лигата на шампионите ќе испратат 30 фудбалери на Еуро 2020
СледноБендтнер објави крај на фудбалската кариера