Вистински фраер: Агуеро на заминување на економот на Сити му подари скапоцен автомобил (ВИДЕО)

2932

После цели десет години, Серџио Агуеро си замина од Манчестер Сити, и си замина со стил. Покажа дека е вистински фраер. Имено на простувањето, тој на вработените во клубот им подари скапоцени работи, како часовници и слично.

Сепак најдобро мина економот, кој доби клучеви од најновиот модел на “Ренџ Ровер“. Прекрасна глетка, нешто што ретко се случува во модерниот фудбал.

И дефинитивно се покажа дека Агуеро е голем човек.

Да потсетиме дека Аргентинецот деновиве потпиша двогодишен договор со Барселона.

ПретходноГерманија против Португалија за титулата на младинското ЕП! (видео)
СледноБез проблем до 3. коло: Надал во три сета го реши Гаске